Со утринскиот тренинг во Маврово, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја завршија втората фаза од подготовките која траеше од минатата сабота до денешниот ден. Со неколку тренинг сесии и еден контролен натпревар (победа против Еурофарм Пелистер 2 од 30-22), екипата на Жељко Бабиќ го одработи зацртаното. Ракометарите добија слободен период до вторник наутро, кога со двојна тренинг сесија ќе им се вратат на обрвските. Следниот контролен натпревар е предвиден за седми август, кога во Маврово, Еурофарм Пелистер ќе спарингува со Металург. Екипата тренираше комплетна, со исклучок на Марио Танкоски, кој ќе се приклучи во втората недела од август. Првиот официјален натпревар Еурофарм Пелистер ќе го одигра на 11 август во СЦ „Борис Трајковски“ против Вардар 1961 за Суперкуп титулата.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го одигра првиот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона, а спаринг партнер го имаше тимот на Еурофарм Пелистер 2. Тимот на Јовиќ се држеше добро во првото полувреме кога имаше негатива од еден гол (13=-12), но во второто полувреме поискусниот тим се загреа и ја наполни мрежата на противникот.
За првпат во исаторијата на македонскиот шампионат еден ракометар од Унгарија ќе игра за првенствени бодови. Мартон Секељи од Порто се пресели во Пелистер и ќе го заземе местото на Карим Хендави, кој минатиот месец го засили Замалек од Каиро.
Вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер продолжува со составување на костурот на тимот за новата сезона. Битолскиот клуб денеска го претстави Филип Ивановски кој минатата сезона беше дел од Еурофарм Пелистер 2.
Македонскиот вицешампион и претставник во групната фаза на Лига Европа, Еурофарм Пелистер комплетно ја смени голманската тројка. На местото на Чаневски, Трајкоски и Хендави, во клубот дојдоа Марко Кизиќ, Филип Ивановски и Мартон Секељ.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа на еднонеделни подготовки во Маврово. По петдневни подготовки во Битола, Жељко Бабиќ ја поведе комплетната екипа на базичниот дел од подготовките.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 27, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Мај 25, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Мај 25, 2026 by RK Eurofarm Pelister