b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_10_thumbnail23.jpg

Шест дена по поразот од Вардар 1961 во Скопје, Еурофарм Пелистер им се врати на победите во ракометната Суперлига. Екипата на Жељко Бабиќ ги оправда очекувањата и фаворитската улога и го совлада Радовиш со 42-22 (19-10).

Еурофарм Пелистер повторно е во натпреварувачки ритам и победува како на тренинг во Суперлигата. Дуелот против Радовиш значеше минутажа за сите ракометари и можност да се одморат оние кои не се најспремни или се повредени. Победата од 22 разлика кажува за разликата во квалитет и за успешно завршената работа на момците на Бабиќ.

Ракомет – Суперлига (петто коло)
Еурофарм Пелистер – Радовиш 42-22 (19-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Андоновски

Еурофарм Пелистер:
Ивановски, Кизиќ, Мараш 7, Ојлески 3, Маркоски 3, Маџовски 2, Кукуловски 3, Мандалиниќ 2, Радовиќ 3, Танкоски 4, Костески 2, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ, Граџан 8, Табоада 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Радовиш:
Паунов, Стојановски 2, Марков 1, Ѓорѓиев, Долдуров, Постолов 1, Спасов, А. Ристов, Мицев, Органџиев 1, Мехиќ 5, К. Ристов 1, Трајанов 1, Вујниќ 8, Трајчевски 2, Костадинов
Седмерци: /
Исклучувања: 8 минути

Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723