b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_10_DKP_9763_800x534.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста, своите приврзаници, симпатизери и навивачи дека од сабота (9 октомври) започнува претпродажбата на сезонски билети за домашните натпревари во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Сите пет домашни натпревари од групата Д може да се набават во следните седум дена по цена од 1.000 денари на следните продажни места:

- БРОДЕРС ТОБАКО
- ДИМПО ТОБАКО
- На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:
- вакцинален сертификат
- потврда за примена најмалку прва вакцина
- потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин

Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:

19.10.2021 - Еурофарм Пелистер – Ним
23.11.2021 - Еурофарм Пелистер – Татабања
07.12.2021 - Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
22.02.2022 - Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
08.03.2022 - Еурофарм Пелистер – АЕК Атина

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер - Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври).

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723