Повеќе...

Пролетниот дел од Суперлигата есенскиот првак Еурофарм Работник го започна со лесна победа против Борец со 47-13. Тренерот Алушовски ги одмори клучните ракометари и им даде шанса на помладите. Тие целосно ја искористија и постигнаа голем дел од головите. Каковски, Блажевски и Мандиќ беа двоцифрени. Најефикасен кај велешани беше Стојанов со седум погодоци.

Повеќе...

Битола се радуваше на победата на Еурофарм Работник во ЕХФ Купот. Совладан е Нексе со 29-28 и избришани се фрустрациите од првите три порази во групата Б.

Повеќе...

По победата над Нексе Нашице, на прес-конференцијата во Битола говореа тренерот Стевче Алушовски и ракометарот Филип Кузмановски.

Двајцата им се заблагодарија на гледачите и поддршката и покажаа задоволвство од првите бодови во групата Б на ЕХФ Купот.

Повеќе...

Еурофарм Работник – Нексе Нашице 29-28 (14-12)

Еурофарм Работник ја дочека првата победа во групната фаза во Купот на ЕХФ. Македонскиот лигаш во четвртото коло го совлада Нексе со 29-28 во меч во кој постојано беше во водство за на крајот заслужена радост со навивачите во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Повеќе...

РК Еурофарм Работник денес одржа прес-конференција на која што го најави вториот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Нексе Нашице. На средбата со новинарите говореа тренерот и капитенот на екипата.

Повеќе...

Ракометниот клуб Еурофарм Работник е најуспешна екипа за 2018 година во Битола во изборот на Сојузот на спортови. Вечерва на изборот во хотелот „Бела Куќа“, Филип Кузмановски беше прогласен за најдобар спортист за минатата година, а тимот најуспешен во екипна конкуренција.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723