Во натпревар со дури шеесет голови, Еурофарм Пелистер загуби од Татран Прешов во Словачка со 32-28.
Со овој пораз тимот на Еурофарм Пелистер остана само со теоретски шанси за првото место во групата А од СЕХА, а второто е веќе сигурно обезбедено и нема да има проблеми да биде достигнато, бидејќи ниту Металопластика, ниту Татран нема да можат до трите победи на битолчани.
По елиминацијата од Магдебург во Лигата на Европа и поразот од Вардар во домашниот шампионат, битолскиот Еурофарм Пелистер попладнево загуби и на гостувањето во СЕХА лигата кај словачкиот Татран Прешов со 32-28. На прес-конференција по натпреварот своите впечатоци ги споделија тренерот Мојсов и капитенот Чаневски.
Татран Прешов - Еурофарм Пелистер 32-28 (16-14)
Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај тимот на Татран Прешов со 32-28, но поради победата на домашен терен против истиот ривал со дванаесет гола разлика веќе го обезбедија најмалку второто место во групaта. Во зависност од дуелот со ППД Загреб во Битола ми гостувањето на Хрватите во Словачка, ќе се знае позицијата и противникот на битолчани во четвртфиналето.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го очекува незгодно гостување во регионалната СЕХА лига кај Татран Прешов.
Бекот Дарио Петровски смета дека густиот распоред е шанса за помладите ракометари од ростерот на битолчани да покажат што и колку можат.
Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик, сега во групната фаза на СЕХА лигата. Битолчани му гостуваат на првакот на Словачка, Татран Прешов. По поразите од Магдебург и Вардар, серијата неуспеси беше прекината во Купот на Македонија против Младост, но вистинска реакција се очекува викендов во Прешов.
Младост Богданци - Еурофарм Пелистет 21-32 (12-14)
Еурофарм Пелистер запиша убедлива против Младост Богданци со 33-21 (14-12) во полуфиналето од групата Б на Купот на Македонија и обезбеди пласман во финалето на четвртфиналната група. Гостинската екипа од Богданци одигра одлично прво полувреме и беше во водство до 20. минута. Следеше реакција на пелистерци, кои полека ја презедоа контролата во свои раце.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister