b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_09_qweqweqweqwe.jpg

За првпат во историјата на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го совлада поранешниот европски првак Загреб. По победата од 25-23 во Битола дуелот го анализираа двајцата тренери.

Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Многу луѓе ми зборуваа за атмосферата тука, ама додека не ја почувствуваш лично - не знаеш каква е магијата во оваа сала. Многу е лесно да се игра тука со ваква поддршка. Не требаше да бидеме во таква позиција на крајот од средбата. Многу е важно да победуваме во натпреварите кои се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да напредуваме и фокусирани сме на тоа. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар, следен е ПСЖ, но секогаш мора да уживаме и во победата. Вечерва уживаме, ама веќе од утре се фокусираме на дуелот во Париз. Имаме натпревар од домашното првенство, а и таму секој е важен и мора да ја исполниме задачата.

Андрија Николиќ
(тренер на Загреб)

Знаевме дека ќе наидеме на цврст ривал, со голема желба за победа и огромна поддршка од трибините. Овој терен ќе биде многу тежок за сите ривали во нашата група, мислам дека многу екипи добро ќе се испотат за бодовите. Имавме добри моменти во мечот, кога водевме со два гола разлика имавме шанса да побегнеме и на +3, но домашниот голман малку ни го смени планот. Еурофарм Пелистер имаше малку повеќе среќа, но и умешност во клучните моменти. Нашиот тим ќе расте уште повеќе, целта не ја менуваме. Што се однесува до Еурофарм Пелистер, очекувам и тие да бидат подобри со текот на сезоната.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723