Првaкот Еурофарм Пелистер ја запиша втората победа во Суперлигата, откако дома го совладаа Пролет со 36-24 (21-12). Средбата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во целост му припадна на домаќинот кој доминантно ја оправда улогата, иако тренерот Рубен Гарабаја ротираше и им даде шанса на сите ракометари. Тренерот на шампионот го заштеди капитенот Кузмановски, а им даде малку минути на Калид Валид и Хосни. За издвојување е и настапот на синот на Александар Јовиќ, Лука, кој како десно крило постигна еден погодок за Пролет и со овации беше награден од битолската публика.
Уште во првиот дел пелистерци ја покажаа разликата во квалитет па по триесет минути игра имаа позитива од деве погодоци (21-12). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 36-24. Рудолф Хакбарт со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Давор Палевски постигна седум гола.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Второ коло
Еурофарм Пелистер - Пролет 36-24 (21-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)
Црвен картон: Александар Стојановски (Пролет)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Манасков 6, Цехте 5, Хекберт 9, Хенигман 1, Калид Валид, Радивојевиќ 1, Кузмановски, Абутовиќ, Калајџиоски, Пет. Атанасијевиќ 6, Хаџиќ 4, Пешевски 4, Хосни, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Пролет:
Трајков, Созев. Трајковски, Јовевски 1, Глигоров 1, Василевски, Јовиќ 1, Дамчевски, Мајнов 1, Димковски 5, Стојановски 1, Дрпљанин 2, Палевски 7, Давитковски 1, Мишевски 4
Седмерци: 3/3
Во следното трето коло Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид во Скопје.