На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
____________________________________________________________________________________________________________________РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреваруваше во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на ракометната федерација на Македонија.
Од сезоната 2016/17 оваа екипа за првпат почна да се натпреварува во Супер лигата.
Тренерското место го предводи Александар Јовиќ
Во состав на клубот работи и ракометната школа која моментало брои 115 дечиња на возраст од 7 до 14 години кои се поделени во три возрасни категории. Со самата работа и професионален однос школата бележи добри резултати и наиде на голем интерес кај младите категории. Секоја категорија работи по посебна програма наменета за нивната возраст .