Во натпревар каков што му требаше на Еурофарм Пелистер по поразот од Ним, во Битола падна Бутел Скопје со 27-20 (16-7), во рамките од осмото коло на домашното првенство. Екипата на Бабиќ започна сериозно, цврсто во одбрана и со разигран Секељи меѓу стативите. Следеше шоу на Мандалиниќ и брзо беше 7-1 и 10-2. На полувреме се замина со 16-7.
Во вториот дел се разигра Мајиќ и ја преполови разликата. Сепак, во игра се врати Стипе Мандалиниќ и до врв ја наполни мрежата на скопскиот тим. Финалните 27-20 покажуваат дека во ниту еден момент не беше доводено во прашање дали бодовите ќе останат во Битола или не.
Ракомет – Суперлига (осмо коло)
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 27-20 (16-7)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски 1, Мандалиниќ 11, Танкоски, Периќ 3, Костески, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 4, Граџан 3, Обрадовиќ 1, Табоада
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Бутел Скопје:
Чаневски, Блажевски, Фидановски, Андреевски, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски, Митев 2, Б. Спасовски, Мојсоски 1, Боб. Спасовски 1, Стојчевиќ, Јевтиќ 2, Давитковски 1, Мајиќ 9, Тот
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 6 минути
В понеделник пелистерци заминуваат за Швајцарија, каде во вторник против Шафхаузен ќе го одиграат првото гостување во Д групата на ЕХФ Лига Европа.