Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварот од второто коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер.
Германките Маике Мерц и Тања Кутлер ќе ја делат правдата на дуелот кој се игра на 26 октомври (вторник) во 18:45 часот. Делегат на ЕХФ ќе биде Владимир Ранчик од Словачка.
Во првото коло двете екипи претрпеа порази: Швајцарците од Спортинг во Лисабон со 29-28, а битолчани на домашен терен против Ним со 21-26.