Повеќе...

Неколку часа по одржувањето на жрепката за фазата по групи во ЕХФ Лига Европа познат е и распоредот на натпреварите за Еурофарм Пелистер во оваа фаза од второто по ранг клупско натпреварување на стариот континент.

Повеќе...

Денес беше извршена ждрепката за ЕХФ Европската лига, во која единствен македонски претставник е Еурофарм Пелистер. Екипата на Жељко Бабиќ се најде во групата Д, заедно со Татабања, АЕК Атина, Спортинг Лисабон, Ним и Кадетен Шафхаузен. Четири екипи од групата продолжуваат во осминафиналето.

Повеќе...

Познати се квалитативните шешири пред ждрепката за групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер се најде во вториот шешир, заедно со Савехоф, Винтертур и Чеховски Медведи и тоа се единствените екипи против кои не може да се сретне во групната фаза.

Повеќе...

По одигрувањето на две квалификациони кола познати се сите учесници во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.

Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Томислав Кушан, кој беше обврзан на договор со нашиот клуб до јуни 2022 година. Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар.

Повеќе...

Ракомет – Суперлига (четврто коло)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 29-25 (15-11)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа првиот пораз во Суперлигата по четиринаесет последователни победи. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар 1961 со 29-25 (15-11). Кобни беа последните пет минути од двете полувремиња, во кои „црвено-црните“ ја направија разликата.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723