b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_09_123456.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја започнаа новата сезона во групата Б во Лигата на шампионите. Тие во преполната сала во Битола го совладаа тимот на Загреб со 25-23 (13-12).

Битолскиот тим започна одлично и дванаесет минути не прими гол од игра. Имаше Еурофарм Пелистер и 8-4, но тогаш врза неколку грешки кои ривалот ги казни за да се врати резултатски на „минус еден“. Постот на битолчани го прекина Хекбарт со гол за 9-7, а во следниот период македонскиот тим успеа пак да се одлепи и поведе со три разлика. Сепак, иако Пелистер стигна до 13-10, до крајот со двата гола на Главаш загрепчани заминаа на паузата со минимална негатива (13-12).

Загреб многу подобро го отвори второто полувреме, направи серија од 4-1 и поведе со 16-14. Но, Еурофарм Пелистер успеа да се совземе и да ја врати позитивата. Битолскиот тим непотребно влезе во драматична завршница, при водство од 24-22 Кузмановски промаши зицер од шест метри. Загреб се врати, следуваше промашување и на Пешевски, гостите нападнаа за израмнување во последните секунди при 24-23. За среќа на Еурофарм Пелистер гостинските ракометари не дадоа гол, Хеидаридад одбрани и тој шутна од гол на гол погодувајќи за конечни 25-23.

Кај домаќинот се издвои Дејан Манасков со осум пред Кузмановски со шест и Хосни со четири гола. Во тимот од Хрватска се наметна Главаш со седум голови.

Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Б група - прво коло

Еурофарм Пелистер - Загреб 25-23 (13-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.300
Судии: Роберт Шулце и Тобијас Томис (Германија)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад 1, Манасков 8, Кузмановски 6, Хосни 4, Цехте 1, Хекбарт 1, Тајник 1, Хенигман 1, Радивојевиќ 1, Пешевски 1, Калес Валид, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ, Хаџиќ
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 10 минути

Загреб:
Грбавац 1. Суљевиќ, Главаш 7, Кларица 5, Чавар 3, Топиќ 2, Сиковребадѕе 1, Карачиќ 1, Гавриќ 1. Ситула 1, Кавчиќ 1, Валчак, Фаљиќ, Гојун, Буалуски, Туфекџиќ
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер во второто коло на 18 септември ќе гостува кај ПСЖ, кој денес загуби на гостувањето кај Магдебург со 37-31.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723