Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Шафхаузен го освоија првиот бод во рамки на групата Д од ЕХФ Лига Европа, откако одиграа нерешено 28-28 со швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен.
Во „Би-Би-Си арената“ во Шафхаузен на прес-конференцијата по натпреварот зборуваа тренерот и капитенот на Еурофарм Пелистер.
Жељко Бабиќ
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Oва беше сличен натпревар како тој лани во Битола. Ние тогаш водевме со седум гола, а мислам дека на крајот во последните секунди примивме гол. Горд сум од момците, покажавме карактер и многу е тешко е сега да бидам паметен и да зборувам. Не победивме минатата сезона на гости, па за мојот тим ова е важно искуство. Јас во кариерата тука играв и водев тимови, никогаш не победив или освоив бод. Не е лесно да се игра со Кадетен Шафхаузен. Среќен сум за резултатот бидејќи користевме некои повредени играчи.
Јосип Периќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)
Бевме во лоша ситуација, успеавме да се вратиме, а имавме среќа на самиот крај. Мислам дека го заслуживме овој бод. Ова беше добар меч, мојот тим уживаше. Одигравме добро второ полувреме, а на крајот не посака и среќата. Мислам дека го заслуживме овој бод. Одигравме навистина добар дуел и уживавме на ова гостување.
Експедицијата на Еурофарм Пелистер утревечер со авионски лет се враќа во нашата земја.