Првпат оваа сезона ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 врзаа две кола без победа. Екипата на Александар Јовиќ одигра 30-30 во Струга, во натпревар во кој во првиот дел битолчани не одиграа на своето ниво, па иако се вратија, не донесоа во Битола повеќе од бод. Неиграњето на Павле Атанасијевиќ, Стоилевски и Иван Димитровски ја скрати ротацијата на Јовиќ, а Владан Кастратовиќ во првиот дел беше непогрешлив.
Сепак, на почетокот од вториот дел пелистерци од -2 дојдоа до +4. Но, стружани возвратија, дури и поведоа. Во драматична последна минута, при 30-30 двете екипи имаа напад за победа, но не ја погодија целта.
Ракомет – Суперлига (осмо коло)
Струга - Еурофарм Пелистер 2 30-30 (17-15)
Спортска сала: „Нико Нестор“ - Струга
Гледачи: 300
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски
Струга:
Тутенкоски, Маркоски 1, Јанковски 1, Крстаноски, Савески, Пајкоски 1, Блажески 7, Ѓорѓиевски 1, Јанкуловски, Матовиќ, Барјактаревиќ 3, Дукоски, Кастратовиќ 8, Н. Цветаноски 4, Костоски 4, Нацев
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски 1, Ристевски, Ц. Кузманоски 9, Буторац, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 7, Андонов, Димитриоски 1, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 5, Белистојановски, Ѓукиќ 2, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Во следното деветто коло, Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен го пречекува шампионот Вардар 1961.