b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_09_542756579_18398507542189535_7347647246066575967_n.jpg

Почнува нова шампионска приказна, која сакаме да ја пишуваме заедно со нашата армија навивачи и симпатизери и таа приказна да трае долго, долго во сезоната. Од почетокот на нашата европска сезона почнуваме нов проект со кој ќе се обидеме нашата дружба да биде подолга, поголема, позабавна...

РК Еурофарм Пелистер ја отвора својата фан-зона пред домашните натпревари од Лигата на шампионите. В среда, на десетти септември, од 18:45 часот на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола подготвивме забавно-музичка програма и заедно со нашите партнери, Училница и Конец, ви подготвивме вкусна храна и пијалоци. Дојдете да се загрееме за она што по што надалеку сме познати - култните европски вечери во ракометна Битола.

Подготвивме новини и за време на натпреварот. Во подтрибинскиот простор на спортската сала „Боро Чурлевски“ нашите партнери Училница и Конец ќе постават свои штандови за да го направат секој наш натпревар повкусен и позабавен.
Ако уште не сте го купиле новиот дрес на шампионот и секое друго парче спортска опрема на Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26, шанса ќе имате пред почетокот на натпреварот против Загреб во фан-зоната и во подтрибинскиот простор.

Ве очекуваме!

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723