Во вторник (16 ноември) со почеток од 18>45 часот ракометниот клуб Еурофарм Пелистер во Грција против АЕК ќе го одигра третиот натпревар од групата Д во ЕХФ Лига Европа. Еурофарм Пелистер после ремито во Швајцарија (2828) против Кадетен во вторник ќе се обиде да дојде до првата победа ова сезона, а на тоа се надева и голманот на битолчани, Марко Кизиќ.
„АЕК Атина е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа.
Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме“, смета Кизиќ.
Двете екипи се сретнаа на два турнирски натпревари во Струга и Атина во последните две лета и двапати победа извојува грчкиот клуб.