АЕК Атина - Еурофарм Пелистер 27-30 (13-16)
Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер го запиша првиот триумф сезонава во Европската лига на ЕХФ откако вечерва во рамки на третото коло во групата Д славеше на гостувањето кај АЕК Атина со 27-30.
Битолчани уште на стартот од натпреварот го контролираа резултатот и водството. Имаа сигурно водство од три до пет голови, а на паузата резултатот гласеше 13-16 за нашиот тим. Во вториот дел не се промени нешто премногу во однос на силите на теренот, а Пелистер водеше во неколку наврати и со највисоки +6. Во финишот дојде до мало опуштање во редовите на нашиот состав, па АЕК со серија од 3-0 го ублажи поразот за конечни 27-30.
Најдобар во тимот на Пелистер беше Јосип Периќ со осум голови, а Рениер Табоада постигна шест, додека голманот Секељи имаше девет одбрани. Кај грчкиот тим најмногу се истакнаа Милонас и Цирас со по шест голови.
Следната недела битолскиот тим на домашен терен го пречекува тимот на Татабања, кој денес ја запиша првата победа против Кадетен Шафхаузен со 31-23.