Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од четвртото коло на групната фаза на Лига Европа.
Следниот вторник (23 ноември) од 18:45 часот унгарска Татабања гостува во Битола, а натпреварот ќе го водат руските судии Константин Ершов и Антон Пављуков. Овие судии минатата година во истото натпреварување го водеа дуелот на Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме.
Делегат на ЕХФ ќе биде Синиша Рудиќ од Хрватска. Натпреварот ќе се игра со 50% исполнетост од капацитетот на спортската сала „Боро Чурлевски“.