Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Атина ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако со 27-30 славеа на гостувањето кај АЕК.
Битолчани по три кола имаат по една победа, пораз и реми, а тренерот Жељко Бабиќ е задоволен од прикажаната игра против АЕК.
„Одгравме перфектен натпревар. Поставивме одлична одбрана и брз контра напад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција“, смета Бабиќ.
Битолчани веднаш се враќаат во нашата земја и уште од утре започнуваат со подготовка на дуелот против Прилеп на гостински терен в петок попладне.