Ракомет – Куп на Македонија (прво коло)
Еурофарм Пелистер – Шампион 40-13 (23-7)
Финалистот од сезоната 2021/22, Еурофарм Пелистер лесно ја прескокна првата пречка во Купот на Македонија. Екипата на Жељко Бабиќ извојува победа против прволигашот Шампион со 40-13. Гостите од Скопје допатуваа со само осум ракометари, сите млади момците кои првпат се соочуваа со ваков противник.
Бабиќ ги одмори клучните ракометари за гостувањето во вторник во Атина, а шанса добија и неколку младинци од тимот кој го води Фарук Мемиќ. Сите максимално ја искористија минутажата и скоро сите се запишаа меѓу стрелците. Кукуловски и Костески ги водеа помладите, а Ристевски со седум гола се издвои меѓу дебитантите во сениорска конкуренција.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Александар Ѓукоски и Александар Стефановски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Маџовски 1, Кукуловски 7, Марковски 6, Танкоски, Ристевски 7, Периќ 1, Костески 5, Велковски, Југовски 4, Ризовски 4, Обрадовиќ, Гуцевски 2, Табоада 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Шампион:
Канг 1, Велјановски 5, Миловановиќ 1, Мирчески 3, Дебрешлиоски 2, Сотировски, Иванов 1, Кочаров
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Во вторник од 18:45 часот Еурофарм Пелистер гостува кај АЕК Атина во рамките од третото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа. Екипата ден порано патува за Евија, каде ќе се соочи со лидерот во групата и една од двете екипи со максимални две победи по два одиграни натпревари.