Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави список на повикани ракометари за претстојната EHF недела во месец ноември 2021 година. На списокот повикани се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Бојан Маџовски, Никола Маркоски, Ненад и Мартин Велковски и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2: Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски. На листата на резерви повикани се Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер) и Петар Атанасијевиќ и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2).
Ракометарите на Тиквеш ја прекинаа серијата од пет победи на Еурофарм Пелистер 2 и славеа во Битола со 24-26. Тимот на Андоновски водеше во текот на сите шеесет минути, а домаќинот беше брозплет, грешеше и никако не успеа да влезе во ритам.
Расположениот Стојаноски на голот, како и одличните Симиќ и Трпчевски беа клучот на гостинската победа.
Ракомет – Суперлига (седмо коло)
Еурофарм Пелистер – Скопје 2020 38-12 (17-5)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 38-12 (17-5) против Скопје 2020 во натпревар од седмото коло на Суперлигата.
Со почетокот на европските натпревари за сезоната 2021/22, се отвора фан-зоната на РК Еурофарм Пелистер. На денот на секој домашен натпревар предвидено е дружење, забава, забавни и музички активности, катче за најмладите, вкусна храна и ладно пиво за загревање за она вистинското - натпреварите на Еурофарм Пелистер во ЕХФ Лига Европа.
Нови „ветришта дуваат“ во легендарната „Младост“, денес „Боро Чурлевски“ во Битола, а ракометарите на Еурофарм Пелистер со поддршка од своите верни навивачи се во мисија да го вратат клубот на старите патеки на успехот. „Ветар во грб“ Еурофарм Пелистер отсега нема да имаат само од верната публика и своите „Чкембари“, туку и од компанијата Mozzart која стана нивен ексклузивен бетинг-партнер.
РК Еурофарм Пелистер ги известува своите приврзаници, навивачи и сите љубители на ракометот дека овој викенд со еден купен билет можете да гледате два натпревари и да ги бодрите своите омилени тимови за само 100 денари.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 21, 2025 by RK Eurofarm Pelister