Јосип Периќ беше најдобар стрелец во редовите на Еурофарм Пелистер во победата над АЕК со 27-30.Човекот кој го постигна победеносниот гол во Швајцарија пред неполн месец, одигра уште еден перфектен натпревар. Иако започна бавно, репрезентативецот на БиХ се разигра и ги избезуми противничките дефанзивци.
„Бевме многу добро подготвени за овој натпревар, од тренерот до секој човек во клубот. Секој детаљ го имавме аналзиравме и не се изненандивме како игра АЕК. Сакам да го потенцирам тимскиот дух на екипата, нашиот голман Секељи беше извонреден. Уживавме, лесно е да се игра во таков налет. Горд и среќен сум како игравме вечерва“, смета Периќ.
Со осум постигнати гола Периќ беше најефикасен поединец на натпревар со кој пелистерци отфрлија големо бреме од својот грб и првпат по подолга пауза победија на гостински терен.