Ракомет – Суперлига (11. коло)
Прилеп – Еурофарм Пелистер 24-41 (12:22)
На враќањето на РК Прилеп во Универзалната спортска сала во Прилеп се собраа 700 љубители на ракометот да го видат Еурофарм Пелистер. Дуелот од 11. коло на Суперлигата помеѓу пелагонските ривали им припадна на фаворитот од Битола, кој на крајот славеше со убедливи седумнаесет разлика (24-41).
Бабиќ им даде скратена минутажа на Мандалиниќ и Периќ, а воопшто не настапи Божиќ Павлетиќ, Натпреварот беше во една насока, со предност од самиот старт на пелистерци и убедлива победа. Ненад Костески со дванаесет голови беше најдобар поединец на натпреварот.
По првите единаесет кола Еурофарм Пелистер е лидер во шампионатот со десет победи и еден пораз. Во следното 12. коло се игра второто битолско дерби оваа сезона.
Универзална спортска сала – Прилеп
Гледачи: 700
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Прилеп:
Ѕинѕадѕе, Тренчески 9, Вренцоски, Дамчевски, Бикоски 2, Трајкоски 1, Ангелески, Х. Павлов 2, Шокоски 4, Бурчевски, Лозаноски, Чантурија 3, Милошевски 2, С. Павлов, Христоски, Андоноски 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 5, Ојлески 3, Маркоски 3, Кукуловски 2, Мандалиниќ, Танкоски 1, Периќ 3, Костески 12, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ, Граџан 3, Обрадовиќ 4, Табоада 4
Седмерци: /
Исклучувања: 8 минути
Веќе од утре Жељко Бабиќ ќе започне да го подготвува следниот европски натпревар, во вторник во Битола против унгарска Татабања.