Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Европското првенство во 2022 година.
Тренерот Жељко Бабиќ ги одреди патниците за Данска, откако по последниот тренинг во Битола одлучи кои ракометари ќе ги пријави во протоколот. Битолчани утре напладне имаат лет од Скопје за Малме, па автобуски превоз до Гудме. Во вторник наутро предвиден е лесен тренинг и прв контакт со салата каде ќе се одигра натпреварот.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг пред заминувањето во Данска, каде екипата во вторник ќе го одигра својот прв натпревар од Д групата на Лига Европа.
По вчерашниот тест на ковид-19, сите ракометари, членови на стручниот, административен и медицински тим на Еурофарм Пелистер е негативен на коронавирус. По денешниот трененинг, Жељко Бабиќ ќе ги одрeди 16-те ракометари кои ќе патуваат за Данска.
Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за дебитантниот натпревар на Еурофарм Пелистер во групната фаза на Лигата на шампионите. Во вторник од 18:45 часот во Данска ќе се одигра натпреварот меѓу данскиот претставник ГОГ Гудме и вицешампионот на Македонија.
Многу ракометари на Еурофарм Пелистер го чекаат своето деби на официјален натпревар. Дуелот во вторник против ГОГ Гудме е нов почеток за екипата на Жељко Бабиќ, а прва можност љубителите на ракометот да ги видат Кушан, Периќ, Мандалиниќ, Танкоски...
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 25, 2025 by RK Eurofarm Pelister