Работнички - Еурофарм Пелистер 2 28-23 (14-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија на гостувањето во Скопје од Работнички со 28-23 (14-12), во рамките на 11. коло на групата Б на Суперлигата. Домашните ракометари покажаа одлична игра, се одлепија резултатски пред крајот на полувремето и ја задржаа предноста до самиот крај.
Тоше Ончев се покажува како големо засилуваање за Работнички, овој ракометар беше човек на одлука на денешниот дуел со единаесет постигнати погодоци, а шест постигна Стефан Крстевски. Кај Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Кузманоски со пет и Стефан Талевски и Дрогришки со по четири гола. Сега во групата Б на Суперлигата е многу драматично за трите места во разигрувањето, бидејќи повеќе екипи имаат шанси за третото место зад Металург и Бутел.
Следната недела екипата на Александар Јовиќ игра два домашни натпревари, против Младост Богданци и против Металург.