За натпреварот од третото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен (17.11.2020) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Ракометната федерација на Македонија ги извести сите клубови од Суперлигата, Прва лига и Женска лига декa oд денес сите натпреварувања се ставаат во мирување. Одлуката се должи на измените во протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден.
По одигрувањето на натпреварот од второто коло на Д групата на Лига Европа меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер, тренерот на македонскиот вицешампион, Жељко Бабиќ им даде неколку слободни дена на своите ракометари. Половина од ростерот на Бабиќ заминаа на прозивка во своите репрезентации, а другите ќе одмораат до вторник кога хрватскиот стручњак ќе ги започне подготовките за натпреварот против Кадетен Шафхаузен.
Иако го загубија првиот натпревар во групната фаза на Лига Европа, ракометарите на Еурофарм Пелистер оставија трага и во изборот на ЕХФ за најдобри пет голови и пет одбрани од второто коло на натпреварувањето.
Натпреварот од седмото коло на групата Б на Суперлигата во ракомет меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, предвиден за попладнево во 18:00 часот, е одложен заради позитивни случаи на ковид-19 во двете екипи.
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објавува списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 19 ракометари, меѓу кои и шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Костески, Маџовски, Кукоски, Велковски, Танкоски, Никола Маркоски.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 25, 2025 by RK Eurofarm Pelister