Еурофарм Пелистер вторпат загуби во групната фаза на Лига Европа. По поразот од ГОГ Гудме, избраниците на Жељко Бабиќ беа поразени од Рајн Некар Левен со 28-20.
Капитенот Градимир Чаневски смета дека многуте технички грешки и нереалзирани чисти шутеви се причина за убедливиот пораз.
„Правевме многу грешки во нападот, а и промашивме многу чисти шутеви. Сега мора тоа да го анализираме и да се поправиме за следните натпревари. Беше задоволство да се игра во „САП Арена“, но ќе видиме што ќе се случи на натпреварот во Битола“, рече Чаневски.
Со овој пораз продолжува лошата традиција на македонските тимови во Германија, посебно негативен е скорот на Еурофарм Пелистер. Натпреварот против истиот ривал во Битола се игра во претпоследното деветто коло на 23 февруари.