Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Д на Лига Европа. Битолчани ќе играат против силните Рајн Некар Левен од Германија и Татабања од Унгарија, а од Д сегментот за противници ќе ги имаат швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, данскиот ГОГ Гудме и словенечкиот Тримо Требње.
За натпреварот од првото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања (20.10.2020) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Еурофарм Пелистер првото коло на Европската лига ќе игра дома против унгарската Татабања, а во второто коло ќе гостува кај тимот на ГОГ Гудме во Данска. Ова е одлуката на компјутерот на ЕХФ кој ги одреди десетте кола на Лигата на шампионите.
Денес во Виена беше извршена ждрепката за првата сезона од новото натпреварување на ЕХФ, Лига Европа. Еурофарм ќе игра во групата Д заедно со Рајн Некар Левен, Татабања, ГОГ Гудме, Кадетен Шафхаузен и Тимо Требње
ЕХФ ги одреди шеширите за утрешната ждрепка за групната фаза во Лига Европа. Еурофарм Пелистер е дел од третиот шешир и не може да се сретне со Татран Прешов, Чеховски Медведи и Бешикташ. Ждрепката ќе биде полудирегирана, а, а истата ќе се одржи утре во Виена, со почеток во 11:00 часот.
Новата сезона во СЕХА лигата ќе биде со десет екипи, а, мечевите ќе почнат од 10. октомври. Стартот на новата сезона од СЕХА лигата е пролонгиран за речиси еден месец од првичните планови. Наместо на 12 септември, лигата ќе почне на 10. октомври.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 25, 2025 by RK Eurofarm Pelister