Еурофарм Пелистер не можеше да ги поремети очекувањата и загуби на гостувањето кај Рајн Некар Левен со 28-20. Тренерот Жељко Бабиќ смета дека лошата партија во нападот е причината за убедливиот пораз од бундеслигашот.
Хрватскиот стручњак на прес-конференцијата изјави:
„Сакам да им ја честитам победата на Рајн Некар и на тренерот Швалб. Вечерва ја заслужија, а наша најслаба страна вечерва беше играта во напад. Прававме многу грешки во нападот, а ако сакате да играте сериозен натпревар против Рајн Некар Левен мора да играш многу подобро во напад. Во одбраната игравме многу добро.
Сепак, и покрај сè, беше задоволство да се игра вечерва против Рајн Некар Левен и овој натпревар ќе ни биде од голема корист пред наредните натпревари“.
До крајот на есенскиот дел од групната фаза на Лига Европа, Еурофарм Пелистер двапати ќе се сретне со Тримо Требње и веројатно ќе ја пречека Татабања во заостанатиот натпревар од првото коло на групата Д.