Веднаш по враќањето од Германија, Жељко Бабиќ и неговите соработници започнаа да го подготвуваат натпреварот од петтото коло на Лига Европа против Тримо Требње од Словенија. Европската ракометна федерација денес ги делегираше официјалните лица за натпреварите од петтото коло.
Натпреварот меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер ќе го водат хрватските судии Цинриќ и Гонжурек од Осијек, а делегат ќе биде Јанко Пожежник од Словенија, Овие судии минатата сезона го водеа натпреварот Бидасоа Ирун - Еурофарм Работник во рамките од групната фаза на Лигата на шампионите.
Натпревар ќе се игра во „Тиволи“ во Љубљана на први декември со почетов во 20:45 часот.
Во овој дуел словенечкиот тим влегува со два, а македонскиот со еден бод.