Голот на кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан против Рајн Некар Левен, кога со лоб удар го надмудри голманот на германскиот тим, се најде на третото место во изборот на пет најубави голови од четвртото коло на групата Д на Лига Европа.
Ова е уште едно индивидуално признание на ракометар на Еурофарм Пелистер, по одбраните на Трајковски, кои добија свое место во претходните два избори, како и „цепелинот“ на Мандалиниќ и Велковски во Данска.
Еурофарм Пелистер синоќа загуби од Рајн Некар Левемн во „САП Арена“ со 28-20.