Прилеп - Еурофарм Пелистер 16-23 (7-9)
Еурофарм Пелистер 2 е последниот учесник во плеј-офот од суперлигашката група Б, откако победи на гостувањето кај Прилеп со убедливи 16-23 и со 22 бода го освои третото место, зад Металург и Бутел.
Во текот на оваа необична 2020 година, Еурофарм Пелистер одигра 21 натпревар, од кои само осум од официјален карактер. Меѓу СЕХА лигата и Лига Европа, тимот на Жељко Бабиќ запиша три победи,еднаш играше нерешено и три пати загуби.
Кога ќе ги додадеме и пријателските и турнирски натпревари, пелистерци севкупно запишаа 15 победи, еднаш играа нерешено и пет пати загубија.
Со завршувањето на натпреварот од првото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите на РК Еурофарм Пелистер за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации.
Еурофарм Пелистер 2 - Бутел Скопје 23-23 (13-12)
Во натпревар од десеттото коло на групата Б на Суперлигата, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје одиграа неизвесен дуел кој после голема драма заврши без победник, 23-23. Во финишот и двете екипи можеа до победата но немаа реализација во клучниот момент. Со ова реми екипата на Јовиќ е теоретски на еден бод до разигрувањето, а може и со пораз на дуелот со Прилеп да се квалификува, ако Тиквеш не ги добие преостанатите два натпревари.
Македонскиот претставник во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер наиде на посериозен отпор во првото полувреме по кое Металопластика имаше предност од 12-14. Но, во вториот дел, домаќините се стабилизираа и извојуваа победа од 30-26.
Еурофарм Пелистер со 30-26 ја победи екипата на Металопластика во првиот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата, по мечот домашниот тренер го пренесе своето видување за натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister