Еурофарм Пелистер загуби третпат во Лигата на Европа. По поразите од ГОГ Гудме и Рајн Некар, битолчани беа поразени во Љубљана кај Тримо Требње со 28-24. Десниот бек Мартин Велковски одигра солиден натпревар, но вели дека лошата одбрана на неговиот тим и одличниот домашен голман се причината за поразот.
„Се боревме, ангажманот беше на двете страни, создававме чисти шанси, но нивниот голман беше одличен, собра најмалку 15 одбрани, Иако ја сопревме контрата на противникот, сепак примивме дури 28 гола, што е премногу ако сакате да победите на ваков натпревар. Честитки за екипата на Тримо Требње“.
Тримо Требње заедно со Рајн Некар Левен се максимални на врвот на групата Д, а Еурофарм Пелистер има само еден бод на петтото место, пред последнопласираната Татабања.