Поради двајца позитивни на ковид-19, Металург повторно, по вторпат сезонава, ќе оди во двонеделен карантин. Најновите тестирања покажаа дека корона кризата во еден од најдобрите македонски ракометни состави ќе продолжи најмалку уште две недели, а со тоа ќе мора да бидат одложени планираните натпревари.
Денес требаше да се игра натпреварот од седмото коло на групата Б на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Металург, но одложен е на неодредено време. Веројатно ќе биде одигран во текот на месец декември.
В сабота ракометарите на Александар Јовиќ ќе гостуваат во Кавадарци, против екипата на Тиквеш.