Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло на Европската лига. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тримо Требње во вторник навечер ќе го водат босанските судиите Амар и Дино Коничањин.
Ова е втор натпревар во кој судии од Босна и Херцеговина ќе водат натпревар на битолскиот клуб, откако Јовиќ и Арнаутовиќ судеа во Словенија.
Делегат на натпреварот ќе биде Ацо Николовски. Натпреварот се игра на осми декември од 20:45 часот.
Пелистерци досега забележаа три порази, од ГОГ Гудме, Рајн Некар Левен и Тримо Требње, а ремизираа со Кадетен Шафхаузен.