Во дуелот од петтото коло на Лига Европа, Еурофарм Пелистер потфрли и загуби од Тримо Требље во Словенија (28-24). Овој натпревар беше најлошото издание есенва на македонскиот вицешампион во Европа, а хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ коректно го призна поразот.
На прес-конференцијата хрватскиот стручњак изјави:
„Честитки до ракометарите на Тримо и тренерот Урош Зорман. Тие ја заслужија победата. Посебно во првиот дел многу промашивме и тешко е да се игра во Европа ако се шутира толку лошо. Чувствувавме притисок и мора нешто да сменам за натпреварот по седум дена“.
Првата победа сезонава екипата на Еурофарм Пелистер ќе ја брка следниот вторник во 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.