Ракометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат со пораз од гостувањето во Словенија кај Тримо Требње каде што загубија со 28-24 (14-12) .Така останаа на само еден поен и после четири средби сè уште немаат победа во групата Д од Лигата на Европа.
Домашниот голман Томиќ запиша одбрани во првите два напади на битолчани и Кушан во четвртата минута првпат погоди за екипата на Бабиќ. Сепак, битолчани реагираа и Кушан и Маџовски погодија за 2-2. Следеше серија на грешки од двете страни конфузен централен дел од првото полувреме. На половина од првиот дел беше 4-4 и ниту една од екипите не беше во ритам. Маџовски од контра во 16. минута донесе прво водство за пелистерци, а и Чаневски одбрани седмерец. Откако разликата падна на само еден гол, 12-11 одново домашните отидоа на плус два и со таква разлика и предност од 14-12 заминаа на одмор.
Пелистерци продолжија да прави технички грешки и на почетокот од вториот дел и Словенците ја одржуваа предноста од два гола. Битолчани немаа ритам, но погодуваа Радовиќ и Периќ, за противникот да не се одлепи. Сарак и Дидовиќ погодуваа по грешките во напад на екипата на Бабиќ и хрватскиот стручњак повика тајм-аут при 20-18 во 47. минута. во финишот од средбата се повреди и голманот Трајкоски во обид да дојде до спасување на голот додека втрчуваше бидејќи се менуваше. Притоа настрада неговото рамо откако се удри во рекламите. Тука почна и зголемувањето на водството на Тримо Требње кое се искачи на шест гола на пет минути до крај кога веќе не ни можеше да се направи нешто повеќе.
Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Мандалиниќ со пет гола, а кај Тримо Требње се истакнаа Сарак со четири и Поточник со пет гола. Прво име на натпреварот беше голманот на Тримо Требње, Александар Томиќ, со 14 интервенции.