Попладнево со авионски лет за Загреб, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе заминат на мегдан на поранешниот европски шампионат на првиот гостински дуел во СЕХА лигата. Искусното крило Гоце Ојлески верува дека со победа на овој дуел, битолчани ќе направат голем исчекор кон успешна пролет.
Во неизвесен пријателски натпревар во Битола. Еурофарм Пелистер 2 го совлада Охрид со 22-21 (8-10), што е втора победа за младиот тим од Битола против охриѓани, по оној во август минатата година во Охрид пред почетокот на регуларниот дел на Суперлигата.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа четвртиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната. По реми, пораз и победа на подготовките во Хрватска, избраниците на Жељко Бабиќ триумфираа над Охрид со 21-19 (11-10).
Жељко Бабиќ, кој имаше договор со Еурофарм Пелистер до јуни годфинава, сега се договори да остане дел од екипата до јуни во 2024 година така што продолжува да се рабори според планот кој беше зацртан во моментот кога на почетокот на 2020 година дојде во Битола.
РК Еурофарм Пелистер и тренерот Жељко Бабиќ потпишаа нов договор со важност до јуни 2024 година. Клубот и хрватскиот тренер се на иста бранова должина и заеднички ќе ја продолжат надградбата на проектот.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 25, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister