Еурофарм Пелистер ја прескокна првата пречка во Купот на Македонија. Екипата на Жељко Бабик имаше полесен тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ и убедливо го совлада тимот на Вардар Неготино, член на Првата лига, со 45-11. Шанса добија воглавно македонски ракометари, а тројца членови на младинскиот тим на Фарук Мемиќ (Ристевски, Марковски и Гуцевски) успешно дебитираа за сениорскиот тим.
Првпат по Светското првенство во Египет настапи и десниот бек Мартин Велковски.
Куп на Македонија – прво коло
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 45-11 (26-6)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)
Еурофарм Пелистер:
Трајковски, Чаневски, Мараш 4, Ојлески 4, Маркоски 4, Мандалиниќ, Марковски 6, Танкоски 1, Ристевски 2, Периќ 2, Костески 9, Кукоски, Велковски 5, Граџан 7, Гуцевски 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути
Вардар Неготино:
Ристов 1, Ташев 2, Митевски, Орешков, Кузманов 3, Бојан Трпески, Божиновски, Јефремов, Недев, Ѓорѓев, Ристовски, Борче Трпески, Минов 2, Пеовски 3, Стаменов, Најдов
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
В сабота од 17:45 часот Еурофарм Пелистер го игра третиот натпревар од групата А на СЕХА лигата против словачкиот првак Татран Прешов.