Заврши квалификациската фаза во Купот на Македонија, а сите суперлигаши се квалификуваа за четвртфиналната фаза. Меѓу патниците во следната рунда се и двете екипи од Битола, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Резултати:
РК Вардар 1961 – РК Текстилец 47-11 (22-5)
РК Преспа 2015 – РК Струга 16-32 (7-14)
РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Јехона 40-19 (17-9)
РК Пролет 62 – ГРК Борец 38-19 (22-11)
РК Кичево 2020 – РК Бутел Скопје 18-53 (11-24)
РК Прилеп – РК Аеродром 31-23 (16-10)
РК Риниа М – РК Работнички 14-30 (7-15)
РК Шампион – ГРК Тиквеш 2014 23-34 (9-17)
РК Јуниор К.В. – РК Драчево 32-24 (15-9)
РК Партизан 2016 Спорт – Голден Арт КЛ 7 19-45 (10-21)
РК Металург РА – РК Радовиш 25-30 (12-17)
МРК Куманово – РК Металург 26-36 (13-18)
РК Астраион Хендбол – РК Македонија Ѓ.П. 31-19 (14-6)
РК Младост 1977 – РК Скопје 2020 29-28 (14-12)
РК Еурофарм Пелистер – РК Вардар Неготино 45-11 (26-6)
РК Делчево Вардар – ГРК Охрид 12-45 (8-21)
Победниците од натпреварите ќе формираат четири групи од по четири екипи.