Јехона не беше сериозен ривал и Еурофарм Пелистер 2 се пласира во четвртфиналната фаза на Купот на Македонија. Во првиот официјален натпревар во 2021 година, екипата на Александар Јовиќ запиша рутинска победа и се загреа за дебито во плеј-офот следниот викенд против Вардар 1961 во Скопје.
Дебитантот Петровиќ со седум и Митревски со пет гола беа најефикасни во битолското тренинг-попладне.
Куп на Македонија – прво коло
Еурофарм Пелистер 2 – Јехона 40-19 (17-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Mихајло и Методија Илиевски (Битола)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Дрогришки 2, Блажевски 3, Петровиќ 7, В. Димитровски, И. Димитровски 3, Петровски 2, Пав. Атанасијевиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 3, Белистојановски 4, Митревски 5, Јовановски 1, Југовски, С. Талевски, Арсеновски 2, Стоилевски 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути
Јехона:
Тахири, Николовски 1, Стојчевски, Андриески, Јованоски, Дукоски 8, Тасески 3, Илиески, Салиу 4, Ахмети 1, Стојаноски, Бошковски 2, Столески, Василевски, Живкоски, Костовски
Седмерци: 6/6
Исклучувања 4 минути