Откако обезбеди пласман во плеј-офот на Суперлигата, тимот на Еурофарм Пелистер 2 во вториот дел на сезоната ќе биде посилен за нов десен бек. Нов член на битолскиот клуб е босанскиот интернационалец Павле Петровиќ, кој доаѓа од Локомотива од Брчко. Петровиќ има 21 година и подеднакво може да игра и како десно крило.
„Дојдов во Битола од БиХ, играв за Локомотива од Брчко и мислам дека ова ми е вистински чекор во кариерата. Многу ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот како се работи, како се игра и задоволен сум од тренерот и прифаќањето од страна на играчите. Ми се допаѓа и опкружувањето и градот.
Добро се игра, добро се тренира и екипата е добра. Се бориме и се бодриме и мислам дека во следните еден-два месеци добро ќе се вклопам во новиот тим“, рече босанскиот десен бек
Петровиќ ќе дебитира на официјален натпревар утре од 19:00 часот во Купот на Македонија против прволигашот Јехона. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.