Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот од деветтото коло на групата Д во Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен. Причината е неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада.
Рајн Некар Левен мора во рок од 48 часа да пристигне во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се врати дома. Клубот од Бундеслигата не пронајде таква опција и побара од ЕХФ одложување. РК Еурофарм Пелистер ја прифаќа одлуката на Европската ракометна централа и очекува информации за нов термин за одигрување на натпреварот.
Во меѓувреме клубот и тимот ќе се насочи на следните натпреварот против Татран Прешов во СЕХА Гаспром лигата и против Кадетен Шафхаузен во Лига Европа.