Цветан Кузманоски денес официјално беше претставен како нов член на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на верност во следните три и пол сезони и го доби дресот со број осум. Левото крило на македонската репрезентација своето деби го очекува во следниот период во натпреварите од СЕХА лигата, Лига Европа и Суперлигата.
Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот од деветтото коло на групата Д во Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен. Причината е неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада.
Продолжува сеирјата на контролни натпревари на Еурофарм Пелистер 2 пред почетокот на вториот дел од сезоната. Попладнево во Битола младиот тим на Александар Јовиќ минимално загуби од Струга со 22-23 (10-10). Одлучи последната минута и реализацијата на гостите, наспроти неуспешниот обид на домаќините.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски е нов член на екипата. Тој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и во следните три и пол сезони ќе го носи дресот на нашиот клуб. Кузманоски веќе се приклучи на тренинзите на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб и ќе дебитира во вторник во Лига Европа против Рајн Некар Левен.
Настапите на Ненад Костески не се изненадување и македонскиот репрезентативец перфектно се вклопи во новата средина. По доаѓањето во Битола од Загреб, стружанецот покажал неспорен квалитет и голема желба. Десното крило постигна неколку ефектни голови во победата над ГОГ Гудме, а еден од нив заврши на третото место во изборот за најубавите голови во осмото коло на Лига Европа.
Битолчани впишаа четири победи и имаат едно реми по осум натпревари и се скоро сигурно во осминафиналето на натпреварувањето.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister