Продолжува сеирјата на контролни натпревари на Еурофарм Пелистер 2 пред почетокот на вториот дел од сезоната. Попладнево во Битола младиот тим на Александар Јовиќ минимално загуби од Струга со 22-23 (10-10). Одлучи последната минута и реализацијата на гостите, наспроти неуспешниот обид на домаќините.
Еурофарм Пелистер 2 настапи без Арсеновски, Јован и Стефан Талевски, кои се повредени, и Стоилевски кој е болен.
Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 22-23 (10-10)
Спортска сала „Јован Калаузи“ - Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Дрогришки 6, Блажевски, Петровиќ 6, В. Димитровски 2, И. Димитровски 1, Петровски 1, Пав. Атанасијевиќ 2, Пет. Атанасијевиќ, Белистојановски 3, Митревски 1, И. Јовановски, Југовски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Струга:
М. Јовановски, Затаракоски, Јанкулоски 2, Лакичевиќ 3, Илиевски 4, Николиќ 1, Рајатовски 3, Димитријески 2, Костоски 1, Маркоски, Симоноски, Ракоција 5, Пајковски, Цветановски, Крстаноски 2
Седмерци: 2/2
Исклучувања 4 минути