Ракометната федерација на Македонија формираше координативни центри низ Македонија за подобра комуникација со клубовите и ракометните центри. РК Еурофарм Пелистер беше домаќин на регионалниот центар во Битола, во кој гравитираат клубови од Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Кичево.
Минатиот викенд челници на федерацијата гостуваа во клупските простории на РК Еурофарм Пелистер, каде беше одржан работен состанок со претставниците на клубовите. На состанокот се разговараше за сите проблеми и потреби на клубовите од регионот.
Одржани се состанови уште во два града - во Скопје и во Кавадарци. Од март годинава во просториите на федерацијара секој прв четврток во месецот ќе има отворен ден за дискусија и дополнителни теми во врска со ракометот во нашата земја.