Извлекувањето на полуфиналните парови четвртфиналните групи на Купот на Македонија за мажи ќе се одржи в четврток на 18.03.2021 година во 12.00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Екипите победници во елиминационите натпревари ќе бидат поделени во четири сада за ждрепка во групната фаза според листата во пропозициите за Куп натпреварувањето за 2020/21 година, која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2020/21 година.
Битолски Еурофарм Пелистер утре против Металопластика на готсински терен ги продолжува обврските во регионалната СЕХА лига. Репрезентативниот бек на тимот од Битола, Дејан Кукуловски вели дека иако немаа многу време за подготовка одат на победа во Шабац.
Утре Еурофарм Пелистер ги продолжува настапите во регионалната СЕХА Гаспром лига, со гостување кај некогашниот европски првак Металопластика Шабац.
Тренерот Жељко Бабиќ вели дека мора добро да бидат распределени силите за сите дуели што следуваат во март и април.
Започна процесот за акредитирање за натпреварoт од осминафиналето на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург (23 март во 20:45 часот). Сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава можат да аплицираат за својата акредитација.
Европската ракометна федерација и носителите на ТВ правата ги одредија термините и саатниците за двата натпревари од осминафиналето на Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер од Македонија и Магдебург од Германија.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Марин Вегар успешно е опериран во Загреб, по повредата на рамото која ја влечеше подолг период. Зафатот мина во најдобар ред и ракометарот го започна планот на заздравување.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister