Малку француски ракометари настапува во македонскиот ракомет, а левиот бек Руди Сери е првиот кој ќе го обелеч дресот на Еурофарм Пелистер. Тој официјално беше претставен пред медиумите и говореше на својата презентација.
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 29-24 (20-16, 9-6)
Сезоната на официјални натпревар започна со меѓусебен контролен натпревар на двата битолски суперлигаши.
По Серхио Барош, Вилсон Дејвис е вториот Португалец кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Средниот бек денес беше претставен пред медиумите во Битола и говореше за сите детали кои го доведоа да потпише двегодишен договор со македонскиот вицешампион.
Денес во просториите на клубот, Еурофарм Пелистер официјално го претстави својот нов голман. Словенечкиот голман Урбан Лесјак е вториот ракометар од оваа земја кој ќе го носи дресот на славниот клуб од Битола.
Кон средината на август традиционално ќе се игра Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Оваа година тоа ќе биде и јубилејно педесетто издание.
Со денешната тренинг сесија официјално завршија базичните подготовки на Еурофарм Пелистер во Маврово. Од понеделникот до попладнево, водени од стручниот штаб, ракометарите изработија според планот и добија два дена заслужен одмор. Подготовките за сезоната 2022/23 продолжуваат в среда со тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Првиот контролен натпревар е в сабота, на шести август, против Еурофарм Пелистер 2.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 02, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 29, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 25, 2026 by RK Eurofarm Pelister