Еурофарм Пелистер пред домашната публика во Битола запиша убедлива победа против АЕК Атина од 30-19 и се пласира во осминафиналето на ЕХФ Лига Европа.
Во организација на Сојузот на спортови на Битола вечерва во големата сала на Битолскиот народен театар се одржа церемонијата во која беа прогласени најдобрите спортисти на градот за 2021 година. По 57-ми пат Сојузот на спортови избираше во сите категории, во една од најуспешните години во последните децении.
уди Сери е нов играч на Еурофарм Пелистер Францускиот лев бек потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер. Доаѓа од францускиот тим Сесон Рен. 27-годишниот Сери и (195 сантиметри, 104 килограми) во својата кариера има настапувано за францускиот клуб Селештат Алкас, шпанска Бидасоа Ирун и француски Сесон Рен.
СЕХА Гаспром лигата на својот вонреден состанок во текот на денешниот ден донесе одлука да ги одложи на неодредено време сите натпревари од сезоната 2021/22. Целта е да се задржи регуларноста на натпреварувањето.
По завршувањето на групната фаза на ЕХФ Лига Европа познати се осминафиналните парови, но и костурот до крајот на натпреварувањето. Еурофарм Пелистер во осминафиналето ќе игра против Нексе Нашице, а во случај на позитивен резултат во четвртфиналето ќе се сретне со поуспешниот од дуелот Бидасоа Ирун - ГОГ Гудме.
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го скрати списокот пред претстојниот бараж двомеч со Романија за место во вториот бараж за СП. Лазаров ќе смета на 21 ракометар, меѓу кои се наоѓа и неговото име.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Декември 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Декември 17, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Декември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister