Повеќе...

Металопластика – Еурофарм Пелистер 27-34 (14-16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар од групата на СЕХА Гаспром лигата. Момците на Жељко Бабиќ вечерва во Шабац ја совладаа Металопластика со 27-34 (14-16) и се доближија до лидерот во групата, ППД Загреб.

Повеќе...

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за четирите групи во фазата на шеснаесетте најдобри екипи во машкиот дел од Купот на Македонија. Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на група во Битола, а Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува во Автокоманда, во групата во која носител е Металург.

Повеќе...

Извлекувањето на полуфиналните парови четвртфиналните групи на Купот на Македонија за мажи ќе се одржи в четврток на 18.03.2021 година во 12.00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија.

Екипите победници во елиминационите натпревари ќе бидат поделени во четири сада за ждрепка во групната фаза според листата во пропозициите за Куп натпреварувањето за 2020/21 година, која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2020/21 година.

Повеќе...

Битолски Еурофарм Пелистер утре против Металопластика на готсински терен ги продолжува обврските во регионалната СЕХА лига. Репрезентативниот бек на тимот од Битола, Дејан Кукуловски вели дека иако немаа многу време за подготовка одат на победа во Шабац.

Повеќе...

Утре Еурофарм Пелистер ги продолжува настапите во регионалната СЕХА Гаспром лига, со гостување кај некогашниот европски првак Металопластика Шабац.

Тренерот Жељко Бабиќ вели дека мора добро да бидат распределени силите за сите дуели што следуваат во март и април.

Повеќе...

Започна процесот за акредитирање за натпреварoт од осминафиналето на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург (23 март во 20:45 часот). Сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава можат да аплицираат за својата акредитација.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723